Заев ќе им дели медали на лекарите, Мицкоски со критики за инфектолозите
Ние денеска сме рекордери по бројот на заразени и починати, а сето тоа е поради тоа што инфектолозите се претворија во политиколози. Во мај прогласивме победа врз пандемијата, а сега имаме рекордни бројки на заразени и починати - истакна Мицкоски.
И СЗО и домашните експерти, како и лидеритре од регионот, потврдија дека земјава има најтранспарентно објавување на бројките. Стратегијата на Министерството здравство и Комисијата за заразни болести, водеа транспарентна и чесна политика, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешниот ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Кај нас зафати бран со ковид-19 од колективните собири, но сите лекари и медицински сестри се наши храбри јунаци кои 24 часа посветено работат на секој пациент заразен од коронавирусот. Драго ми е што имаме двојно повеќе слободно капацитети во болниците, направен е добар план за ротација на медицинскиот персонал, но на крајот мора да сфатиме дека најмногу можеме да помогнеме ако ги почитуваме мерките. Филипче ме консултираше да ги наградиме со 10 отсто сите медицински работници, а ќе им се додели и медал за храброст – рече Заев.
На ова Мицкоски одговори дека среќа е што граѓаните ќе ја немаат таа лоша работа што досега им се случувала и дека добрата вест е дека по 15 јули ќе дојдат компетентни луѓе коишто знаат како да се справат со коронакризата.
– Ние денеска сме рекордери по бројот на заразени и починати, а сето тоа е поради тоа што инфектолозите се претворија во политиколози. Во мај прогласивме победа врз пандемијата, а сега имаме рекордни бројки на заразени и починати – истакна Мицкоски.