Заев ќе ги наградува оние од кои се плаши дека се блиски со Црвенковски

7,831

За време на СФРЈ – а со цел да се оправда некое лошо кадровско решение – честопати се употребуваше паролата којашто прв ја употреби Сталин, а која што гласи вака: „Кадрите решаваат сѐ“.

Како што наближува партискиот конгрес на СДСМ, Заев сѐ повеќе функции ќе им дели на оние повозрасните членови на партијата, зaшто тој сѐ повеќе стравува дека тие би можеле да му дадат поддршка на Бранко Црвенковски.






На таа листа, после Бучковски и Фрчковски, најголем приоритет ќе им се даде на сите оние кој во изминатиот период покажаа некакви симпатии кон Црвенковски. Заев, всушност, ќе се раководи по следната матрица: ќе ги награди своите потенцијални непријатели, ќе заборави на пријателите, и на крајот, поради тоа, ќе заглави.

Како и да е, во периодот што следи, вистинскиот плурализам ќе се одвива внатре во СДСМ како владеачка партија, со оглед на обезличеноста на опозицијата.

Тоа, пак, наликува на стариот комунистички поредок, во кој вистинскиот плурализам се одвиваше во рамките на владјеачката партија, ззшто друга и немаше.

Единствена утеха, притоа, е она што Зигмунд Фројд го рече за болшевиците после Октомвриската револуција: „На почетокот на револуцијата,болшевиците ќе се пресметаат со своите идеолошки непријатели. Но кога нив ќе ги снема, ќе почнат да се пресметуваат помеѓу себе“.

(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)

Поврзани содржини