ЗАЕВ Е БАЛКАНСКИ ЛУЈ XIV НАРОДОТ ГО ИСТУРА РОДОТ А ТОЈ ВОЗИ БМВ Мицкоски на митинг во Чашка
Тој всушност е еден мал Луј 14 само во една современа балканска верзија кој се раководи според принципот државата тоа сум јас, па опиен од апсолутната власт петта година по ред смета дека може и да управува со животите и судбините на луѓето, вели Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Чашка го поистовети премиерот Зоран Заев со Луј 14, посочувајќи дека додека народот го истура својот род, тој се вози со ново патничко возило од марката БМВ кое чини 100.000 евра.
– Од неговите патувања во странство она што му оставило впечаток е како што самиот говори дека имало црвени килими. И тука прашањето е што има Македонија од твоите црвени килими, освен блокада, ред тапкање по рамо, и извештаи дека сме хибриден режим? Тој всушност е еден мал Луј 14 само во една современа балканска верзија кој се раководи според принципот државата тоа сум јас, па опиен од апсолутната власт петта година по ред смета дека може и да управува со животите и судбините на луѓето. Таквиот балкански Луј 14 нема никакво чувство за тоа како живеат луѓето на Македонија, за нивните тешкотии. Овој балкански Луј 14 се вози во најнова марка патничко возило БМВ вредно 100 илјади евра, има плантажи со марихуана, самиот си кажува дека неговата империја тежи милиони евра. И додека нема народот за леб, тој купува ново патничко возило од марката БМВ, додека народот го истура грозјето, тој ужива во луксуз – потенцираше Мицкоски.