Заев: Добивме нова свежина, а подмладен значи и подобар СДСМ
Млади се 45 членови што е 35,5 проценти, најмногу и во СДСМ и во која било друга партија во Македонија. СДСМ е партија на сите граѓани и таа разноликост ја вреднуваат и на овој начин - вели претседателот на СДСМ.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес конференција рече дека темелот на новата политика и новата енергија се обезбедени. СДСМ покажа силно единство, одговорност и посветеност на Европската Унија.
– СДСМ е партија што гради човечки капацитет, на Конгресот е избрана заменичка претседателка Сања Лукаревска, што докажува дека партијата ја спроведува политиката на рамноправност и поддршка на младоста. Изгаласан е предлогот за кадроваско освежување на новиот состав на Централниот одбор – рече Заев.
Тој потенцираше дека подмладен значи и подобар СДСМ и дека две третини од Централниот одбор е освежен, со што го задржуваат и континуитетот. Млади се 45 членови што е 35,5 проценти, најмногу и во СДСМ и во која било друга партија во Македонија. СДСМ е партија на сите граѓани и таа разноликост ја вреднуваат и на овој начин.
– За претседавач е избран Перо Костадинов ,градоначалникот на Валандово, а за членови, покрај другите, избрани се Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Коста Костадинов, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зекири, Дарко Каевски, Васко Ковачевски, Тања Томиќ, Благој Бовчарски, Андријана Будимир, Рената Јајовска, Јована Тренчевска…За генерален секретар повторно е избран Љупчо Николовски. За потпретседатели се избрани Фатмир Битиќи, Мила Царовска, Оливер Спасовски и Венко Филипче, додека секретар за меѓународна соработка е Бојан Маричиќ – вели претседателот на СДСМ.
– Добивме нова свежина, но полет, кои заедно со искуството ќе придонесат за подобро функционирање на државата, рече Заев. Почнуваме ново четиригодишно поглавје со зацртани нови цели – рече Заев, споменувајќи вакцинацијата, ред и неселективна правда, развој на економијата и слично, најавувајќи наедно изградба на 260 километри автопатишта и реконструкција на 1.500 километри од постојната инфраструктура.
За кадрите кои влегоа во новото раководство на СДСМ, претседателот Зоран Заев рече дека предлозите дошле од базата. Се ценела нивната стручност.
Заев вели дека ова се ликови кои граѓаните веќе ги потврдиле, а можат да дадат придонес во органите на партијата. За кумановскиот огранок рече дека имало дискусии денес. Кажа дека градоначалникот Максим Димитриевски го предложиле да биде член на ЦО, но тој се повлекол. За Коста Петров и Мухамед Зеќири кажа дека тие обавуваат одговорни функции и се надева дека ќе останат во служба на граѓаните.