Заев до Мицкоски: Ако вие бидете премиер, тогаш Груевски е ситен џепарош

Сите тие криминални пари коишто ги земате од разни бандити од криминалното владеење на Груевски, чиј советник бевте токму вие, апсолутно се пари за партијата и за вас. Со такви пари ги плаќате глупавите спотови и стотиците билборди низ државата - рече Заев.

1,847

Не дај Боже македонскиот народ да ви даде шанса да водите држава, бидејќи тогаш Никола Груевски ќе биде ситен џепарош за вас, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обраќајќи му се на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сите тие криминални пари коишто ги земате од разни бандити од криминалното владеење на Груевски, чиј советник бевте токму вие, апсолутно се пари за партијата и за вас. Со такви пари ги плаќате глупавите спотови и стотиците билборди низ државата. Само пусти пари ве интересираат и ништо друго – рече Заев.






Мицкоски, пак, му одговори оти не очекувал дека на толку ниско ниво ќе се спушти денешната дебата.

Поврзани содржини