Заев до Каракачанов: Подготвен сум да шутирам на наместен пенал, но натпреваторт трае и треба да трае
Премиерот рече дека ваквото однесување на бугарскиот вицепремиер го доживува како изборен фолклор.
Подготвен сум да шутирам кога ми местат пенал, но мора да внимаваме дека натпреварот трае и мора да трае, изјави премиерот Зоран Заев за честитката за 8 Март на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачнов, во која беше содржана мапа од Санстефанска Бугарија во чии граници е и С.Македонија,
– Ова го кажувам од аспекет што Договорот со Бугарија за добрососедство и соработка покажува дека државите една кон друга немаат територијални претензии, а притоа ќе кажам и јас дека немам намера да излегувам во предизборен фолклор на било која наша соседна земја, бидејќи тоа за мене е предвечерие на изборите и ништо повеќе и ништо помалку. Секоја наша реакциија би значела влегување во предизборна кампања на Бугарија – рече Заев.
Премиерот рече дека ваквото однесување на бугарскиот вицепремиер го доживува како изборен фолклор.
Министерот за европски прашања Никола Димитров, исто така рече, дека тоа е дел од предизборниот фолклор, но апелираше да се внимава какви изјави се дава.
– Принциопиелно сепак ќе кажам за тое што вистина сакамае добрососедство треба внимателно да објавиуваме објави и зборови кои предизвикуваат територијални претензии кон наши соседи. Помалку на денот повеќе на долг рок визави овие цели – рече Димитров.