Покажавме дека имаме храброст за сé што беше важно за државата и денес им докажуваме на сите политичари дома и во регионот, дека народот ги наградува храбрите политики и политичари и затоа ќе победиме и се додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со лажен национализам, ќе продолжат да губат, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на трибина со граѓаните на општина Чаир.
– Со Законот за употреба на јазици го заокруживме формално-правниот дел од Охридскиот рамковен договор, остана духот на договорот да го вградиме за сите, рамноправно, еднакво и со правата и со обврските пред државата. Денес, ДУИ и Ахмети лажат дека тие го донеле, можеа да го донесат додека беа со ВМРО-ДПМНЕ но немаа храброст. Денес со тој Закон не изгубија ништо ни Македонците, ни Србите ни Власите, никој, само ослободивме едно право кое беше заробено – додаде Заев пред граѓаните на Чаир.