Заев: Ден Дончев е тука и ако треба ќе одговори на дополнителни прашања

Тој дополни дека на Дончев, покрај семејните и приватни причини, преку глава му било и од обвинувања, за кои, како што рече, дал објаснувања на поединечни прес-конференции.

914

Ден Дончев е се уште на работа и ќе ја извршува функцијата додека не биде поставен нов директор на Фондот за здравство, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

– Секако за неговата оставка сум информиран уште од март заради тоа што има семејни и приватни причини, се работи за здравствени причини нормално, очекување беше дека на 12 април ќе заврши периодот на предизборие, ќе има избори и потао ќе се именуваат нови директори. Како што се продолжи кризата чекавме период да помине и сега ми е јасно зошто на одминување на кризата е поднесена оставката – рече лидерот на СДСМ.






Тој дополни дека на Дончев, покрај семејните и приватни причини, преку глава му било и од обвинувања, за кои, како што рече, дал објаснувања на поединечни прес-конференции.

Дончев, рече Заев, ќе биде тука и ако треба да одговори и на дополнителни прашања.

Поврзани содржини