Заев: Демонтажата на режимот е започната и ќе продолжи со новиот план

Со овој план го зајакнуваме нашиот сегмент во извршната власт и убеден сум дека ќе имаме уште поголеми резултати - рече премиерот.

374

Запрашан кога ќе започне со демонтажа на претходната власт и откривање на сите коруптивни активности во општеството, затоа што по 4 години владеење, јавноста сè уште смета дека, нема ниту правда, а нема ниту мир, премиерот одговори дека денеска е факт што има завршено голем број случаи поврзани со претходниот режим.

– Дел од овие предмети се завршени или завршуваат, како што беше во петокот со „Таргет-Тврдина“, кој според мене е најзначајниот, затоа што предизвика вознемиреност кај граѓаните со тоа што биле прислушкувани повеќе од 20.000 граѓани, затоа што видовме огремен број на незаконски, криминални и корупнивни дејствија во нашата земја – вели Заев.






Тој посочи дека денеска граѓаните со едно кликнување на компјутер може да видат како се трошат 100, 200 денари или милиони пари од буџетот, а тоа важи и при склучувањето, затоа што за истиот да биде реализиран мора да биде јавно објавен и да биде се на дофат на граѓаните.

– Со овој план го зајакнуваме нашиот сегмент во извршната власт и убеден сум дека ќе имаме уште поголеми резултати. По 11 години режим не се мали успесите на кои што денеска се радуваме, можеби е поделено мислењето и дека некои велат дека нема правда, нема мир, но тврдам дека граѓаните знаат дека со изрекувањето на вакви казни се испраќа пораката дека нема тајни договарања, дека нема нешто скриено, дека нема пактови или тајни зактулисни договори – одговори премиерот.

Премиерот посочи дека имаме јакнење на безбедносните службите кои што се под извршната власт и сите институции кои се бават со спречување на организиран криминал и се борат против корупцијата, но дека ќе го јакнат и правосудството.

– Веќе 60 наши граѓани се во тек на учење во Академијата за судии и обвинители, а безмалку сто се следните кои почнуваат, сега во тек се конкурсите и постапките за избор и нивна селекција. Значи, го јакнеме тој капацитет, но истовремено ќе ги зајакнеме технички, материјално финансиски и ќе ги зајакнеме истражните центри – изјави Заев.

Поврзани содржини