Заев: Да не постоеше Гоце Делчев, ќе требаше да го измислиме!

Да не постоеше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да биде мост помеѓу двете земји. Да покажеме малку дека сме Европејци - рече Заев.

1,355

Да не постоеше Гоце Делчев, ќе требаше да го измислиме за да биде мост на пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

– Ќе видиме денеска како ќе поминат преговорите на Комисиите, веројатно потоа ќе соопштат за тоа како поминала средбата. Јас сум убеден дека ќе најдеме решение. Да не постоеше Гоце Делчев, ќе мораше да го измислиме за да биде мост помеѓу двете земји. Да покажеме малку дека сме Европејци – рече Заев.






Тој вели дека сме мал регион и меѓусебно сме историски поврзани, па неопходно е да бидеме паметни за заедничката историја од минатото да нè прави поголеми пријатели, а не да нè разделува.

Поврзани содржини