Заев: Чуму ни се извештаите од ЕУ, трети сили имаат влијание и кај нас и во регионот!

Стануваат беспредметни и сите извештаи од Европската унија, чуму ни се?, праша Заев во Топ Тема на Телма

2,041

Трети сили и трети страни и тоа како имаат влијание и кај нас и во целиот регион, прашањето е колку тоа го дозволуваме или не, изјави премиерот, Зоран Заев, во вечерашната Топ Тема, во однос на прашањето дали последното вето за нашата држава и блокадата на евроинтеграциите, може да ја отвори вратата за влез на други вредности.

– Мене тоа што ме плаши е порастот на евроскептицизмот, поради Европската Унија и причините кои ЕУ ги дава на евроскептиците овде, дома. Тоа носи извитоперени вредности, вредности на анархизам, на автократија, на хаос. Нашиот народ над 85% е за демократските вредности. Кога нешто европско не е потврдено од ЕУ, луѓето почнуваат да размислуваат за други патишта – предупреди Заев.






Не е борбата за членство само за влез во Европската Унија, оцени Заев, додавајќи дека нашата држава продолжува со европеизацијата. но не може секои 6 месеци да се чека извештај.

– Стануваат беспредметни и сите извештаи од Европската унија, чуму ни се? – праша Заев во Топ Тема на Телма.

Toj изјави дека Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени своето име според Преспанскиот договор.

Според него, куќата на фудбалот примила пари од Агенцијата за млади и спорт на име на младинските репрезентации, па затоа ФФМ мора да ги почитува Уставот и законите во државата и да го промени името.

Поврзани содржини