Заев: Час поскоро да одиме на избори
Тој во интервјуто на ТВ21 рече дека што поскоро мора да се одржат избори со цел да се постават институциите во целосна функционалност.
Опозицијата треба да биде прва што ќе бара избори за да може да има Парламент, за да има политичка влада којашто нема да се „пренемага“ како да ги носи одлуките, ќе си преземе одговорност да носи храбри одлуки, недај боже да имаме уште потешка состојба од оваа, кој ќе носи одлуки. Затоа мора граѓаните да пренесат легитимитет на влада, на парламент, да имаме институции, здраво е за државата и заради здравството и заради економијата и заради демократијата да имаме парламент и да имаме политичка влада којашто ќе си преземе одговорноста, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тој во интервјуто на ТВ21 рече дека што поскоро мора да се одржат избори со цел да се постават институциите во целосна функционалност.
– Доволно е изморен народот од овие калкулации и затоа ни се неопходни изборите. Не можеме ништо да скриеме од народот, оти народот знае кој постапува, кој не. Затоа час поскоро да се оди на избори, затоа што мораме да ги поставиме институциите. Немаме парламент, имаме техничка влада. Редно е да организираме избори за да може државата да функционира, нагласи лидерот на СДСМ.
Заев рече дека претседателот Стево Пендаровски нема предлог од страна на техничката Влада за продолжување на вонредната состојба, посочувајќи дека неможе тој самиот да предложи и да си прогласи вонредна состојба.
Истакна дека денешните бројки, на заразени со ковид-19, не болат сите, но, како што рече, бројките можат да бидат исти и на 15 јули и на 15 август и на 15 септември и на 15 ноември.
МВР ажурира избирачки месец на три месеци – четири пати во годината. Последен пат беше ажуриран во мај месец. И ДИК е должна да ги впише новите лица кои наполниле 18 години. ДИК е комплетно подготвен, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за телевизија 21.
– Министерството за внатрешни работи е должно да ги впише сите што полнат 18 години до 5 јули. Со тоа го стекнуваат правото на глас, и им треба лична карта или патна исправа, кои можат да се издадат и на денот на изборите. Ако избирачкиот список е ажуриран, остануваат другите активности на надлежните органи, истакна Заев.
Заев порача дека на денот на изборите ќе имаме посебни здравствени протоколи.
– Ако можеме да одиме во банка, во маркет, на пазар, во ресторан, а сега мораме пет минути да поминеме на избирачкото место, не знам што е опасно, изјави Заев.
Тој истакна дека ако очекувањето во нормални услови е 1.100.000 гладсачи да излезат на изборите, заради коронавирусот порценува дека ќе излезат околу 900.000, изразувајќи оптимизам дека сепак граѓаните во голем број ќе излезат на гласање.
– Мое очекување е дека ќе имаме 900 000 гласачи. Верувам дека одѕивот ќе биде од 50 до 60 отсто од гласачите. Ова се парламентарни избори и граѓаните ќе излезат за да ги поставиме институциите. Не можеме поинаку да функционираме. Уредбата со законска сила е закон, без Парламент и без потпишување на указ од претседателот, и Владата ако сака може да застрани и ова да го злоупотреби. Затоа избори ни се неопходни и заради економскиот, но и заради политичкиот контекст, дополни Заев.