Заев: Целиот процес е масло на ВМРО-ДПМНЕ, очекувам судот да докаже дека Николоски клеветел

2,287

Јас тврдам дека овој процес за моја наводна поврзаност со рекетирање е масло на ВМРО-ДПМНЕ и затоа барам кривична одговорност, изјави премиерот Зоран Заев по денешното судско рочиште во Граѓанскиот суд каде се тужи со потпретседателот на опозициската партија, Александар Николоски за изјава во која тој рече дека Заев е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра.

– Очекувам судот да потврди дека се работи за клевета, навреда и за нарушување на мојата чест и углед – изјави Заев.






Според Заев, тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски не се поткрепени со никакви докази и аргументи, и очекува процесот пред судот тоа и да го покаже и Николоски да биде казнет за јавно изречените клевети.

Поврзани содржини