Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше одвоени видео средби со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која и со шефицата на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентари избори, Лаима Андрикиене, информира СДСМ.
Заев потврдил дека мисијата на ОБСДЕ/ОДИХР има соодветни услови за целосно набљудување на избирниот процес. Истовремено, се дискутирало за стандардите за одвивањето на изборната кампања и изборниот ден, а кои се однесуваат на заштита од коронавирусот, при што било нагласено дека ќе се преземат сите неопходни мерки за безбедна кампања и безбеден изборен ден за да се овозможи граѓаните сосема безбедно и сигурно и без никакви ризици да го остварат своето гласачко право.
– СДСМ и владата ги напрвија сите услови за еднаква изборна борба на сите политички чинители и на тој начин ја потврдија зрелоста на државата, после долго време да организира беспрекорни фер, демократски и слободни избори, соопштил Заев.
Тој побарал ОБСЕ/ОДИХР да ја надгледуваат работата на сите институции вклучени во изборниот процес, со цел сите да бидат на висина на својата задача.
Заев го повторил ставот дека СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ќе водат фер и позитивна кампања, насочена на промоција на клучните столбови на програмата како што е заштитата на здравјето на граѓаните, создавање нова развојна македонска економија, градење правна и праведна европска држава, членка на НАТО и преговарач со ЕУ, при тоа афиримирајќи го концептот едно општество како една од врвните вредности.
Лидерот на СДСМ заклучил дека ова се многу важни избори за враќање на легитимнии фукцнионални институции, како и за продолжување на државата по правиот пат по кој оди во изминтаите три години.