ЗАЕВ БАРА ЧАРЕ ЗА ВТОРИОТ ОТКАКО ГО ИЗГУБИ ПРВИОТ КРУГ На Фејсбук повикува на обединување
Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Влегуваме во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја. Сега е најважно обединувањето “, напиша претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев попладнево на Фејсбук побара обединување во вториот круг од локалните избори.
Во првиот изборен круг победи ВМРО-ДПМНЕ која доби 21 градоначалник. СДСМ во првиот круг освои 9 градоначалнички места, ДУИ слави во 3 општини, а Демократската партија на Турците во една општина.
„Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот сака да види подобри резултати, но од спротива се заканува злото. Ние сме борбата против злото. Сите ние, секој од нас.Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и ќе ја добијат нашата мобилизација. Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Влегуваме во вториот круг и во борба за секој еден град и за правецот на нашата земја. Сега е најважно ОБЕДИНУВАЊЕТО“, напиша претседателот на СДСМ, Зоран Заев.