Заев: Јас сум стрејт, не сум пушел џоинт, ги поддржувам сиромашните да станат богати
Апсолутно се залагам за вредности коишто мислам дека се добри. А вие сте пробале џоинт? - го праша Заев водителот.
Водителот на „Само интервју“ вечерва го запраша премиерот Зоран Заев дали некогаш во животот пробал џоинт, но тој рече дека никогаш не пробал, ама дека ја поддржува легализацијата на марихуаната.
– Не сум пробал џоинт, но ја поддржувам легализацијата на марихуаната. Исто така, јас сум „стрејт“, ама ја поддржуам ЛГБТ заедницата. Јас не сум од сиромашно семејство, ама ги поддржувам сиромашните да станат богати. Јас важам за еден од поголемите поддржувачи на правата на Албанците и на другите помали заедници. Апсолутно се залагам за вредности коишто мислам дека се добри. А вие сте пробале џоинт? – го праша Заев водителот.