Заев: Јас ќе побарам продолжување на вонредната состојба за 3 дена ако има договор за избори на 8 јули

За жал не е толку тешко да се биде паметен. Нема можност за лидерска средба. Го разбирам Пендаровски кога вели чуму лидеррска без договор. Има можност до крајот на денот и во сабота до завршување на вонредната состојба. Затоа конечно треба да одлучиме. Верувам дека сите ќе учествуваат на изборите.

3,170

Евентуална промена на вонредната состојба би била предизвикана заради изборите. Јас како лидер на СДСМ ќе побарам од владата уште три дена да се побара вонредна состојба, ако има договор помеѓу партиите изборите да бидат на 8 јули во среда неработен ден, Ако нема договор се друго е Устав и закон, односно изборите ќе бидат во недела на 5 јули, рече на прес конференција лидерот на сДСМ Зоран Заев.

Во тој случај, рече Заев во понеделник и во вторник ќе гласаат болните и изнемоштени луѓе.






– Има меѓународни здравствени протоколи предвидено е проширување на тие листи за гласатње. Листата би се проширила со лицата во самоизолација и со хрончно болните луѓе, нив избирачките одбори ќе ги посетат дома Да има здравствени избирачки одбори составени од здравствени работници кои ќе ги посетат позитивните дома или во болници. Постои решение за сите овие работи. Додека имаше дијалог и со Мицкоски, речиси сите сакаа изборите да бидат во среда оти е неработен ден, може да се продолжи гласањето до 21 часот,  а избирачките одбори би ги платиле двојно. Молокот би бил недела и на тој начин би се релкасирала атмосферата за избори но за тоа нема договор. Но за тоа треба консензус меѓу партиите Ако не изборите ќе бидат во недела – рече Заев.

Според него нема можност за лидерска средба иако остави простор овие два дена партиите да се договорат.

– За жал не е толку тешко да се биде паметен. Нема можност за лидерска средба. Го разбирам Пендаровски кога вели чуму лидеррска без договор. Има можност до крајот на денот и во сабота до завршување на вонредната состојба. Затоа конечно треба да одлучиме. Верувам дека сите ќе учествуваат на изборите – рече лидерот на СДСМ.

Тој додаде дека ОБСЕ се изјасниле дека ќе испратат мисија соодветна на коронакризата. Според него,  логично е дека не може да се очекува полна мисија на ОБСЕ и ОДИХР.

– Деталите ќе ги даде ОБСЕ. Вчера официјално МНР го прати писмото до ОБСЕ. Краткорочни набљудувачи доаѓаат три- четири дена пред изборите Очекувам ОБСЕ да ни помогне од соседните земји , изборите ги набљудуваат и амбасадорите – рече Заев.

На прашање дека дел од администрацијата се плаши и се откажува од учество во избирачките одбори Заев рече дека ако некој се откажќе би било од оправдани и тие ќе бидат заменети

Лидерот на СДСМ рече дека изборите треба да се одржат сега бидејќи нема гаранции дека и на 5 август или на 5 септември нема да има ист број на новозаразени.

– Здравствените параметри тешко ни паѓаат на сите. Сите очекуваме колку што може побрзо да се намалат бројките. Но колку повеќе се отвараме не може да очекуваме дека бројките реално ќе паднат. Треба да организираме избори оти бројките ќе бидат исти или слични и по неколку месеци. Избори мора да има. Секојдневно сме во маркети и на пазари, во кафетерии седиме еден саат. Пет минути најмногу се троши за гласање. Парламемтарна демократија нема парламент, не е добро. Треба да има пралмент во околности кога не знаеме кога бројките на новозаразени ќе опаднат. Од тој аспект одговорно тврдиме дека час поскоро треба да се оди на избори – рече Заев.

 

.

Поврзани содржини