Заев: Алијанса и Алтернатива веќе имаа предлог за одложување на пописот од април за јуни
Премиерот верува дека утре ќе разговараат за оваа работа и верува дека ќе се најде решение.
Денеска на прес-конференција на премиерот Зоран Заев дека очекува да се најде решение за одложувањето на пописот на утрешната средба, АА и Алтернатива претходно објавија дека ќе го блокираат донесувањето на предлог законот.
– Нема никакви причини за одложување на утрешната средба со АА и Алтернатива. Тие претходно веќе имаа предлог да се одложи пописот од исти причини, од април за јуни – одговори премиерот.
Заев верува дека утре ќе разговараат за оваа работа и верува дека ќе се најде решение.
– Сите ние треба да стоиме позади вака сложена и важна статистичка операција, која што е насочно потреба за креирањето на сите политики во државата. Верувам сите координатори ќе седнеме, се со конечна цел да изнајдеме усогласени ставови и да застанеме зад пописот, кој мора да биде успешен – вели премиерот.
Алијанса и Алтернатива незадоволни од вчерашниот договор Заев-Мицкоски за одложување на пописот, најавуваат блокада на законските измени и со амандмани и преку бадентеровиот принцип. Сметаат дека одложувањето е на директна штета на албанците во земјава и нешто што граѓаните веќе го видоа во 2011-та.
Измените на законот за попис пак во делот на датумот од 5ти до 30ти септември и продолжувањето на рокот за попишување на дијаспората се веќе подготвени и откако ќе поминат на владина седница до крајот на денот ќе бидат испратени и до Собранието. Министерот за правда вели дека можност за негово блокирање нема, бидејќи ќе биде поднесен по скратена постапка и со европско знаменце.