ЧЕТИРИ ЧАСА МУАБЕТЕЛЕ ЗА ИЗБОРИТЕ Заев, Ахмети и Ковачевски ковале стратегија за коалиција за европски фронт

Средбата траела околу четири часа и на неа е разговарано за европскиот фронт и за претстојните претседателски и парламентарни избори.

1,182

Премиерот Димитар Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев имале средба во Скопје.

Информацијата за МИА ја потврдија извори од СДСМ кои посочуваат дека средбата поминала во конструктивна и позитивна атмосфера.






Средбата траела околу четири часа и на неа е разговарано за европскиот фронт и за претстојните претседателски и парламентарни избори. Извори за МИА посочуваат дека е разговарано за заеднички пристап кон европската опција и дека е дефинирана насоката за конкретна стратегија за очекуваниот успех на коалицијата.

 

Поврзани содржини