„ЗАЕДНО СО ЖИТЕЛИТЕ ЌЕ ГО ПРОМЕНАМ КАРПОШ“ Лукровски ветува секојдневна комуникација со граѓаните

Овие денови стартувавме и со посета на маалата и добиваме многу добри идеи. Пријатно се изненадив од посетеноста, од бројот на луѓето кои во овие топли денови излегле на улица и сакаат да споделат идеја и информација за подобар Карпош, вели Лукровски.

2,638

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски вели дека е подготвен да ги слушне потребите и идеите на жителите на Карпош, а со цел да се подобри самата општина.

Ќе бидам во служба на граѓаните, преку директна комуникација со жителите на Карпош, рече тој во гостување на МРТВ.






– Сакам да придонесам нешто во нашето заедничко, во општественото живеење. Да пробам нешто да променам, да бидам во функција на граѓаните. Да бидам човекот, првиот административец во општината, кој ќе проба да ги среди работите да бидат во функција на граѓаните. Човек сум кој не седи на страна на општествените текови, сакам да ги менувам работите – рече Лукровски.

Тој истакна дека е подготвен да работи фокусирано на конкретни реални промени.

– Од секојдневното живеење многу добро го познавам Карпош, ги знам потребите на граѓаните. Овие денови стартувавме и со посета на маалата. Добиваме многу добри идеи. Пријатно се изненадив од посетеноста, од бројот на луѓето кои во овие топли денови излегле на улица и сакаат да споделат идеја и информација за подобар Карпош. Ќе бидам секојдневно меѓу нив и ќе ги слушнам нивните потреби и барања – кажа Лукровски.

Поврзани содржини