Заедно со оркестар дошол да ги потпише документите за развод (ВИДЕО)
Сцената е снимена во мексиканската сојузна држава Коахуила, а генијалецот пристигна пред канцеларијата насмеан од уво до уво и расположен за песна.
Треба ли човек да слави или да тагува кога се разведува? Веројатно зависи од случајот!
Овој неименуван човек конечното раскинување на бракот го проследил така што со себе донел бендот пред матичната канцеларија, каде го ставил својот потпис, со што завршила неговата некогаш ветувачката љубовна приказна.
Сцената е снимена во мексиканската сојузна држава Коахуила, а генијалецот пристигна пред канцеларијата насмеан од уво до уво и расположен за песна.
Тој ја замолил групата да ја придружува церемонијата со хитот „Cabrón y Vago“ (Гад и пропалица), а снимките сведочат дека тој бил среќен во канцеларијата како мало дете затоа што повторно станува слободен човек.
За жал, локалните медиуми не успеаја да откријат какво страдање стои зад него и колку траело, како и дали неговата поранешна сопруга можеби слично го прославила разводот на бракот.
Патем, песната „Cabrón y Vago“ во текстот сугерира дека тој самиот бил несташен, но можеби славеникот ја нарачал песната од иронија.