ЗАЕДНО ПРОТИВ ЈАНЕЗ ЈАНША Опозиционерите во Словенија се обврзаа дека ќе коалицираат
Партијата Левица, Социјалдемократите на Тања Фајон, листата на Марјан Шарец и Партијата на Аленка Братушек се обврзаа дека воопшто нема да преговараат со Јанша, кој според нив, „автократски“ ја води земјата, ја одвлекува државата од европските вредности и владеењето на правото и лошо управува со епидемијата на ковид-19.
Четирите најголеми опозициски партии во Словенија потпишаа договор дека по парламентарните избори ќе коалицираат заедно, со надеж дека ќе можат да го срушат актуелниот премиер Јанез Јанша, јавува МИА. Ако успеат, четирите „демократски“ партии ќе треба да се справат со огромниот долг кој го направи Јанша, но и да го вратат угледот на земјата.
– Нашиот договор е инклузивен, подготвени сме да соработуваме со поединци и партии кои ги споделуваат истите вредности со нас, имаме желба и амбиција владата да ја формираат нашите четири партии – рече лидерката на социјалдемократите Тања Фајон.

Партијата Левица, Социјалдемократите на Тања Фајон, листата на Марјан Шарец и Партијата на Аленка Братушек се обврзаа дека воопшто нема да преговараат со Јанша, кој според нив, „автократски“ ја води земјата, ја одвлекува државата од европските вредности и владеењето на правото и лошо управува со епидемијата на ковид-19.
Тие, исто така, се обврзаа дека ќе се придржуваат кон демократските вредности и нема да предизвикаат поделби какви што имало „изминатата година и половина под владеењето на сегашната коалиција“.
Доколку ја освојат власта на следните избори, како што е убедена опозицијата, новата коалициска влада ќе мора да се соочи со тежок период бидејќи владата на Јанша создаде „историски голем“ буџетски дефицит и ја задолжи државата.
– Ни претстои тешка работа бидејќи ќе треба да платиме и да го вратиме она што го потроши сегашната влада – рече Аленка Братушек.