📷 „ЗАЕДНО ИСКАЧИВМЕ МНОГУ ПЛАНИНИ, ЌЕ ЈА ИСКАЧИМЕ И ОВАА“ Емотивна објава на братот на Кејт Мидлтон

„Низ годините, ние заедно искачивме многу планини. Како семејство – ќе ја искачиме и оваа“, напиша Џејмс Мидлтон на социјалната мрежа Инстаграм.

5,818

Откако Кејт Мидлтон објави дека има рак, нејзиниот брат Џејмс Мидлтон се огласи на социјалните мрежи со емотивна објава.

„Низ годините, ние заедно искачивме многу планини. Како семејство – ќе ја искачиме и оваа“, напиша тој на социјалната мрежа Инстаграм.






Освен пораката, тој објави и фотографија со принцезата од нивните детски денови.

Инаку, Кејт Мидлтон денеска објави видео во кое вели дека има рак. Принцезата од Велс вечерва објави дека ѝ е дијагностициран рак на 42-годишна возраст и дека оди на „превентивна“ хемотерапија.

Во длабоко емотивната видео-порака, снимена во Виндзор во средата, таа откри дека веста била „огромен шок“ и дека таа и Вилијам „правеле сѐ што можат за да го одработат и решат ова приватно за доброто на нивното семејство“.

Типот на рак не е откриен, објави Си-Ен-Ен.

Таа започнала со хемотерапија кон крајот на февруари, а објавата доаѓа бидејќи нејзиниот свекор, кралот Чарлс, исто така се подложи на третман за рак.

📽 КЕЈТ МИДЛТОН ОТКРИ ДЕКА ИМА РАК Принцезата се огласи преку видео порака

Поврзани содржини