ЗАЕДНИЧКО ЧЕСТВУВАЊЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Петков откри што договорил со Ковачевски
Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во РС Македонија во нивниот Устав. Тој не се обврза со време, изјави Петков.
За 4 февруари подготвуваме заедничко чествување со РС Македонија за Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков во излагањето пред пратениците на Народното собрание.
– Димитар Ковачевски е премиер на РС Македонија една недела, и четири од тие осум дена ги помина со бугарската Влада. Ова укажува на желба да се заврши работата – вели Петков.
Тој рече дека додека траеле разговорите за економијата и инфраструктурата, двете страни разговарале и за теми кои се важни за Бугарија – правата на Бугарите во РС Македонија и рамковната позиција.
– Ковачевски рече дека не гледа проблем со вклучување на Бугарите во РС Македонија во нивниот Устав. Тој не се обврза со време -низјави Петков.
Според него, има многу декларации од двете страни, но вистинската работа не е завршена.
– Министрите кои дојдоа во Бугарија беа во огромен број и постигнавме голем напредок во повеќе области. Потпишавме три меморандуми, кои беа во многу клучни области, вклучувајќи го и Коридорот 8. Тој испадна од листата на европски проекти, ако сакаме да го вклучиме тоа ќе се случи со заедничка работа – рече Петков.