Заедничка или експертска влада?
Од последните парламентарни избори не помина ниту една година и легитимитетот на премиерот од редовите на победничката партија не треба да биде спорен. Затоа и мислам дека во овој момент на Македонија и е иманентнa влада на национално единство а не експертска влада.
Предлогот на Зоран Заев за избор на влада со учество на сите парламентарни партии има историски димензии. Ако една Германија, ставајќи го на преден план државниот наместо партискиот интерес, со години на назад составува влада на национално единство, Македонија мора барем еднаш во поновата своја историја ,да го направи истиот чекор.
Во услови кога Македонија е соочена со жесток притисок од Бугарија околу нашиот идентитет и нашиот пат кон ЕУ, од една страна и застрашувачката пандемија од друга страна, која остава катастрофални последици во сите сфери на нашето живеење, македонскиот политички фактор има историска задача соодветно да одговори и да ги спречи штетните последици по македонските граѓани и македонската држава.
Доколку оваа шанса ја пропуштиме и одбиеме да бидеме на висината на историската задача, во општеството нема да биде важно кој ќе има поголема вина во заедничкото тонење. Предлогот е фер. Местата во владата да бидат распоредени согласно пратеничките мандати во Собранието, а премиерот да биде од партијата со најголем број на пратеници. Исто онака како што е случајот со Германија. Овој чин има и патриотска димензија. Кој вистински си ја сака татковината мора нешто и да жртвува за нејзино добро.
Од последните парламентарни избори не помина ниту една година и легитимитетот на премиерот од редовите на победничката партија не треба да биде спорен. Затоа и мислам дека во овој момент на Македонија и е иманентнa влада на национално единство а не експертска влада.
Во оваа пригода вреди да се парафразира големата мисла на Џон Кенеди: „Не прашувајте што Македонија направи за вас, туку што Вие направивте за Македонија”.
(фејбук статус на авторот)