ЗАДУТРЕ ЌЕ БИДЕ „ДЕН-Д“ ЗА КОСОВО И СРБИЈА Фон дер Лајен по Скопје ќе ги посети и Приштина и Белград

Откако утре ќе не посети нас во Скопје и ќе одлета за Тирана, најмоќната жена во ЕУ задутре одделно ќе се сретне и со Вучиќ и со Курти за да ги чуе нивните барања. Освен ако ситуацијата во Јариње и во Брњак не ескалира претходно.

2,030

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, утре доаѓа во посета на Скопје за да ни повтори дека ЕУ и Германија ќе се заложуваат за нас, но тоа не е врвот на црешата од нејзината мини-балканска турнеја, пишува Блиц. Урсула веќе задутре одделно се среќава и со Вучиќ и со Курти, а светот ги стиска палците дека тоа ќе ги откочи тензиите на косовско-српската граница.

Среда ќе биде „Ден-Д“ и затоа што истовремено тој ден, во Брисел, делегации на Србија и Косовоо дипломатски ќе си ги одмерат силите. Само да не ескалира ништо во наредните 24 часа, бидејќи српскиот претседател веќе изјави дека Србија за 24 часа ќе реагира доколку косовските специјални полициски единици РОСУ започнат каков било погром врз Србите кои се затекнати на премините Јариње и Брњак.






Дијалогот уште не е пропаднат

Кои ќе бидат новите барања на Србија и на Косово? Допрва ќе дознаеме, а многу од нив веќе се содржани во Бриселскиот договор, кој, меѓу другото, го гарантираше отворањето на Заедница на српски општини(ЗСО) и правата на Србите во Косово.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, потврди дека главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, ќе се сретнат во среда, 29 септември, во Брисел.

Претходно, Стано нагласи дека „првиот позитивен чекор“ во решавањето на моменталната ситуација на Косово и Метохија ќе биде доаѓањето на главните преговарачи во Брисел.

– Тие ќе ја користат платформата за дијалог за да го разгледаат патот напред, што значи деескалација на ситуацијата, бидејќи ова што се случува во моментов не е добро за луѓето во Косово, Србија, но и во регионот – рече Стано.

Петер Стано денеска оцени дека „дијалогот меѓу Белград и Приштина не пропадна“ и дека ЕУ верува дека на крајот „ќе биде можно двете страни да се договорат“ за решение за актуелната криза во Косово и Метохија и сеопфатен решение за нормализација на односите.

Фото: МИА

Насред криза ќе се сече лента за брзиот воз „Коридор 10“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во среда во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а во четврток со премиерката, Ана Брнабиќ, беше соопштено во Брисел. Во пресрет на самитот на ЕУ за Западен Балкан, таа ќе ја посети Приштина уште истиот ден.

Во четврток наутро, заедно со претседателот Вучиќ, фон дер Лајен ќе учествува во започнувањето на проектот за Железничкиот коридор 10.

Планирано е претседателот на ЕК да присуствува на потпишување на договорот за санација на делот на автопатот за мир (Ниш – Приштина), што се прави со финансиска поддршка на ЕУ.

Урсула ќе се сретне буквално со сите, а нов самит ќе има во Словенија на 6 октомври

Пред средбите во Белград, Урсула фон дер Лајен ќе разговара со Албин Курти и Вјоса Османи во Приштина, а потоа во Подгорица со Мило Ѓукановиќ и Здравко Кривокапиќ.

„За време на посетата, претседателката на Европската комисија ќе ја изрази својата посветеност кон регионот и неговата европска иднина. Со лидерите ќе разговара за политичката и регионалната ситуација“, објави Европската комисија.

На прашањето дали фон дер Лајен ќе разговара за решавање на тековната криза во Косово и Метохија во Белград, Приштина, а можеби и Тирана, ЕК нагласува дека позицијата на ЕУ е „јасна“ кога се бара „деескалација и продолжување на дијалогот“.

Во Брисел додаваат дека оваа посета ја гледаат како подготовка за претстојниот самит на ЕУ на Западен Балкан, кој треба да се одржи во Словенија на 6 октомври.

Урсула фон дер Лејен ја започнува својата официјална посета на Западен Балкан на 28 септември со посета на Тирана и Скопје, а по Белград турнејата низ регионот завршува во четврток во БиХ, каде што ќе присуствува на свеченото отворање на мостот Свилај кој ја поврзува Хрватска со БиХ, а ќе се сретне и со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Поврзани содржини