ЗАДРЖАНО ЕДНО ЛИЦЕ ВО ПОЛИЦИЈА ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Ќе се врши претрес на станот, ќе се проверуваат постапките на полицијата и на Центарот за социјални работи

Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна, соопшти Обвинителството.

5

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете, соопшти Јавното обвинителство.

„Едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност. Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна“, соопшти Обвинителството.






Денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се додава во соопштението.

„Се врши екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други снимки од неколку локации. Во текот на вчерашниот ден беше наредена обдукција на починатите.

Во однос на претходното постапување, јавниот обвинител побара детално известување од МВР и од Центарот за социјални работи со сите евентуални претходни пријави и поплаки од оштетената.

„Ќе нареди и внатрешната контрола на МВР да го испита постапувањето по тие пријави“, соопшти Јавното обвинителство.

Македонската јавност е потреена и во шок од трагедијата што се случи вчера околу 14 часот во Карпош, кога мајка на возраст од околу 30 години и нејзината 6-годишна ќерка загинаа по пад од 6. кат.

Идентитетот на загинатите не е соопштен.

Поврзани содржини