📽️ ЗАДРЕМА ЛИ ТРАМП ИЛИ НА КРАТКО ГИ СКЛОПИ ОЧИТЕ? Шефот на САД успеа да одмори за време на досаден говор
Само ден пред овој настан, Трамп одржал говор во Мајами кој траел повеќе од еден час, а неодамна се вратил и од исцрпувачка турнеја низ Азија. Соработниците често ја нагласуваат неговата физичка издржливост. И покрај тоа, прашањата околу неговото здравје не стивнуваат.
Фотографии од американскиот претседател Доналд Трамп со затворени очи, снимени за време на официјален настан во Овалнaта соба, предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи викендов, јави Си-Ен-Ен.
Снимките, направени во четвртокот, го прикажуваат Трамп додека ја објавуваше владината одлука за намалување на цените на популарни лекови за слабеење. На неколку фотографии се гледа како претседателот ги држи очите затворени, а на други како се обидува да остане буден, триејќи го лицето.
Меѓу првите што реагираа беше кабинетот на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој на платформата Икс напиша:
„Поспаниот Дон се врати“.
Гласноговорничката на Белата куќа, Тејлор Роџерс, остро ги демантираше шпекулациите дека Трамп задремал.
– Претседателот не спиел; напротив, зборувал во текот на целиот настан и одговарал на прашања од новинарите за историското намалување на цените на два лека што спасуваат животи на Американци со дијабетес, срцеви болести и дебелина – изјави Роџерс за Си-Ен-Ен.
Таа додаде дека, наместо да се фокусираат на значењето на оваа здравствена иницијатива, „пропаѓачките либерални медиуми повторно шират бесмислени приказни“.
Само ден пред овој настан, Трамп одржал говор во Мајами кој траел повеќе од еден час, а неодамна се вратил и од исцрпувачка турнеја низ Азија. Соработниците често ја нагласуваат неговата физичка издржливост.
И покрај тоа, прашањата околу неговото здравје не стивнуваат. Седумдесет и деветгодишниот лидер минатиот месец признал дека бил на магнетна резонанца, но не кажал зошто. Летово, Белата куќа објавила дека лекарите му дијагностицирале хронична венска инсуфициенција поради отекување на нозете.
И другите американски претседатели во минатото знаеле да изгледаат уморно во јавност, меѓу нив и Барак Обама. Но, иронично, токму Трамп во своите говори често го исмејувал својот претходник Џо Бајден, нарекувајќи го „Поспани Џо“.