Задоцнил на терминот за вакцинација против ковид-19: Нема смисла сега да умрам ВИДЕО
Отидов и ми дадоа доста лош ручек, а потоа се вратив и беа спремни за мене. Не ни знаев дека иглата влезе додека таа не излезе – објаснил тој.
Пензионер кој задоцнил на терминот за вакцинација против ковид-19, по интервјуто кое го дал за медиумите го насмеа светот.
Тој раскажал како дошол до вакцина и додал дека не бил баш задоволен од ручекот.
– Се јавив во болницата и прашав што прават за вакцинацијата. Тие потоа ме прашуваа различни прашања, тоа не беше баш интересно, јас одговорив, а тие потоа ми кажаа да дојдам во 12.30 часот. Секако никаде не можев да најдам проклет паркинг и задоцнив. Сеедно сега сум тука, бев внатре и уредно ме ставија на список – објаснил тој.
Тој вели дека вакцинирањето не го болело, дури и му било интересно.
– Отидов и ми дадоа доста лош ручек, а потоа се вратив и беа спремни за мене. Не ни знаев дека иглата влезе додека таа не излезе – објаснил тој.
Како што вели нема намера сега да се зарази од вирусот:
– Имам внуци и имам намера долго да живеам за да можам да учествувам во нивните животи. Нема смисла сега да умрам кога толку проживеав – заклучил старецот.