ЗАДАДЕН СИЛЕН УДАР НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА Донесен е законот за привремено и сезонско ангажирање
Со законот се предвидуваа софтверска платформа. Дигитален регистар, кои ќе ги спојува работодавецот, работникот и институциите, а притоа создава услови за ефикасно спроведување на законот.
Предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од повеќе парламентарни партии, законот задава силен удар во коренот на сивата економија, а истовремено ги унапредува и работничките права. Создаваме нови можности и олеснителни околности за работодавачите да можат да ги пријават своите сезонски – или работници ангажирани на одреден период, а со тоа, создаваме и услови работниците да добијат пензиски и здравствени придонеси за својот труд, а државата да ги наплати давачките кои што сега се во сивата економија.
Ова го изјави пратеникот од ВМРО-ДПНЕ Бојан Стојановски по изгласувањето на Законот за привремено и сезонско ангажирање лица.
-Она што особено радува, е што лицата ангажирани согласно овој закон, нема да изгубат веќе стекнати права, како социјална помош, надомест поради невработеност, семејна или старосна пензија, како и стипендија или правото на редовни студии. Во оваа законска категорија на граѓани, спаѓаат: пензионерите; студентите; сезонските работници, а особено оние ангажирани во земјоделието, овоштарството угостителството и сервисните дејности како и невработените, но и вработените; лица помлади од 18 години, кои ги исполнуваат условите за работа; како и странците со регулиран престој – појасни Стојановски.
Со законот, додаде тој, се предвидуваа софтверска платформа. Дигитален регистар, кои ќе ги спојува работодавецот, работникот и институциите, а притоа создава услови за ефикасно спроведување на законот.