ЗАД СОБРАНИЕТО СЕ ПАРКИРА КОЈ СТИГНЕ Гаши најави електронски рампи и партерно уредување на собранискиот двор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека утврдиле дека на паркингот зад Собранието најмалку се паркирани возилата на пратениците и на вработените во службите.

132

Наскоро ќе бидат поставени електронски рампи на паркингот зад Собранието и таму ќе може да се паркираат само пратениците и собраниските служби, најави претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Тој денеска на брифинг рече дека утврдиле дека на паркингот зад Собранието најмалку се паркирани возилата на пратениците и на вработените во службите.






Во врска со уредувањето на околината на собраниската зграда, Гаши рече дека очекува тоа да биде завршено до јуни.

Спикерот рече дека од летово, кога беше донесе законот со кој просторот околу Собранието се прогласува за административна зона, имале административни и бирократски пречки, кои постепено се надминуваат. Додаде и дека тој лично се залага партерното уредување да биде што поскоро завршено, со цел законодавниот дом конечно да добие уредена и репрезентативна околина, каква што заслужува.  Рече и дека се изборил Министерството за внатрешни работи да ги тргне барикадите околу зградата, со што сега околината изгледа многу поубаво.

 

ПРОСТОРОТ ЗАД СОБРАНИЕТО ЌЕ БИДЕ БЕЗБЕДНОСНА ЗОНА Пратениците сложни во намерата да обезбедат двор за законодавниот дом

Поврзани содржини