ЗАЧИН ЗА ПИЦА, АМА И ЛЕК Ориганото се препорачува при бронхитис, настинка и болки во грлото

Поради силните антибактериски, антитуморни и антиинфламаторни својства, ориганото има многу здравствени придобивки. Богат е со витамини А, Ц, Е и К, влакна, калциум, манган, магнезиум и железо, а неговите лековити својства се докажани во многу истражувања.

504

Познат како незаменлив зачин за пици и тестенини, ориганото е и исклучително ефикасно растение кое содржи многу лековити состојки и есенцијални масла. Истражувањата покажаа дека има два до три пати поголемо антиоксидативно дејство од другите намирници… Чајот од оригано регулира многу здравствени проблеми предизвикани од намален имунитет и нарушена цревна флора, а особено се препорачува при бронхитис, настинка и болки во грлото.

Поради силните антибактериски, антитуморни и антиинфламаторни својства, ориганото има многу здравствени придобивки. Богат е со витамини А, Ц, Е и К, влакна, калциум, манган, магнезиум и железо, а неговите лековити својства се докажани во многу истражувања.






Чајот може да се подготви со свежо или суво оригано, а кога ќе се помеша со мајчина душица се добива најдобар лек за настинка и многу корисен лек за органите за дишење. Мајчината душица делува смирувачки, а кај акутен или хроничен бронхитис е многу ефикасна бидејќи содржи моќни антиоксидантни својства.

Како се подготвува чај од оригано прочитајте на порталот „Арт кујна“.

 

Поврзани содржини