ЗАЧЕСТЕНИ СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Гостиварец ги малтретирал своите деца, тетовец го нападнал својот брат
Насилниот татко во гостиварско со тврд предмет физички ги нападнал 18-годишната ќерка и малолетниот син.
42-годишник од гостиварското село Чегране во својт дом физички ја нападнал 18-годишната ќерка и малолетниот син. Физичка пресметка и семејно насилство пријавено е и во Тетово каде 42-годишен тетовец го нападнал својот помлад брат.
„На 15.06.2024 во 20.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Б.Б.(42) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал својата 18-годишна ќерка и својот малолетен син, при што употребил тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.06.2024 во 10.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Љ.(42) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот 28-годишен брат.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“ – стои во известувањето од МВР.