ЗАБРАНЕТИ БОИ ЗА ТЕТОВАЖА ВО ЕУ Нема да се употребуваат и одредени хемикалии во трајната шминка

Според регулативата целта не е да се забрани тетовирањето, туку боите што се користат во тетоважите и трајната шминка да бидат побезбедни и дека постои алтернатива на забранетите супстанци на пазарот.

791

Во ЕУ стапи на сила забраната за употреба на околу 4.000 опасни хемикалии пронајдени во боите за тетоважи и трајната шминка. Ограничувањата вклучуваат хемикалии кои предизвикуваат рак или генетски мутации и хемикалии кои се токсични за репродукцијата и супстанции кои предизвикуваат преосетливост и иритација на кожата.

Според регулативата целта не е да се забрани тетовирањето, туку боите што се користат во тетоважите и трајната шминка да бидат побезбедни и дека постои алтернатива на забранетите супстанци на пазарот.






Досега, некои земји-членки имаа регулативи за ограничување на употребата на опасни хемикалии во мастилата за тетоважи, а сега новите правила на ниво на ЕУ овозможуваат еднаква заштита низ ЕУ, без оглед на земјата во која се тетовирани и дали мастилото е произведено во ЕУ или не.

Според статистичките податоци цитирани од Комисијата, се проценува дека околу 12 отсто од Европејците се тетовирани.

Поврзани содржини