ЗАБРАНЕТ УВОЗ НА ОВЦИ И НА КОЗИ ОД КОСОВО Потврден прв случај на чума кај овие животни во Косово

Ваква забрана веќе е актуелна и за увоз од Албанија.

21

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го забрани увозот и транзитот од Косово на живи домашни и диви мали преживари ( овци и кози), откако таму е потврденпрвиот случај на Чума кај малите преживари.

Покрај живи домашни и диви мали прежување абранет е и увоз на нивно  семе, јајце клетки и емброни, месо, производи и преработки од месо, млеко и производи од млеко како и нуспроизводи.






Ваква забрана веќе е актуелна и за увоз од Албанија.

АХВ, велат оттаму, на дневна основа ја следи состојбата со болеста Чума кај малите преживари.

Особено засилена е контролата на евентуално илегално движење на животни и забрана за движење на животни меѓу населените места лоцирани во пограничните појаси, за што, за потврдтата на првото жариште во сосседно Косово известени ќе бидат и МВР, Царинската управа и другите надлежни државни органи.

Болеста чума кај малите преживари претставува вирусно заболување кај козите и овците, предизвикано од morbilli вирус од фамилијата парамиксовируси и предизвикува големи економски штети. Заразувањето (морбидитетот) на приемчивите животни може да биде  од 90 до 100%, а стапката на смртност (морталитет) се движи помеѓу 50 и 100% и е особено изразен кај подмладокот.

Болста не е зооноза односно луѓето не се приемчиви на вирусот и нема опасност по нивното здравје,. Мпже да се пренесе кај крупните преживари, но, кај нив не предизвикува никакви симптоми.

Инфекцијата обично се случува преку директен контакт меѓу приемчивите и заразени животни. Во раните фази на инфекцијата, кога животните имаат покачена телесна температура, сите телесни секрети и екскрети се високо контаминирани. Преносот на болеста преку воздух е брз кај соседни стада.

Излачувањето на вирусот започнува за време на инкубацискиот период, пред појавата на првите клинички знаци и може да трае до над 2 месеци по закрепнувањето. Овие периоди на „тивко“ присуство на вирусот, без видливи клинички знаци, го зголемуваат ризикот од ширење на болеста на други мали преживари, како домашни така и диви. Контаминација е исто така можна преку внесување на заразена храна или вода поради што е потребно спроведување на засилени биосигурносни мерки на одгледувалиштата за овци и кози и на пасиштата.

Поврзани содржини