ЗАБРАНЕТ ПЕСТИЦИД ОТКРИЕН ВО МАКЕДОНСКИ ПИПЕР ВО ХРВАТСКА Во високи дози од пестицидот може да ги оштетат црниот дроб и бубрезите
Во анализираните пиперки од Македонија се пронајдени 0,049 милиграми метомил на килограм, што е пет пати повеќе од дозволената граница.
Во свеж зеленчук од Северна Македонија се откриени големи количини на токсична хемикалија која може сериозно да го загрози здравјето на луѓето.
Станува збор за свежи црвени пиперки кои биле во продажба на хрватскиот пазар. По проверка на примероците, е утврдено дека пиперката содржи високи нивоа на забранетиот пестицид метомил, кој е многу токсичен за луѓето.
Бројни научни студии ја потврдија опасноста од метомил, поради што неговата употреба е забранета во Европската Унија. Во високи дози, метомилот може да го оштети црниот дроб и бубрезите.
Во анализираните пиперки од Македонија се пронајдени 0,049 милиграми метомил на килограм, што е пет пати повеќе од дозволената граница.
Инспекторите наредија пиперката да се повлече од пазарот, но сè уште не е прецизирано во кои продавници била достапна. Европскиот систем за безбедност на храната предупредува дека ризикот по здравјето бил сериозен.