ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ ПРОДОЛЖУВА ДО 30 СЕПТЕМВРИ Опасноста од пожари сè уште е голема
За непочитување на забраната е предвидена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност, соопшти Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство.
Забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември, соопшти Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. За непочитување на забраната е предвидена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.
Од Министерството ги повикуваат граѓаните да бидат особено претпазливи да не предизвикаат пожар на отворен простор. Посочуваат дека и во периодот што следи не е намалена опасноста од пожари поради високите температури.
„Од суштинско значење е јавноста да ги разбере опасностите, како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесе кон заштита и зачувување на шумите, односно животната средина, имотите и заедниците во целина“, соопшти министерството.