ЗАБРАНА ЗА СМЕЕЊЕ, АЛКОХОЛ И ЗА ЛЕЖЕРНИ АКТИВНОСТИ Строги правила во Северна Кореја

Како што пренесоа повеќе медиуми, државната власт издала наредба со која се забранува јавно искажување на среќа, додека трае периодот на чевствувањето на поранешниот лидер.

897

На граѓаните на Северна Кореја им се забранува смеењето, пиењето алкохол, како и секој облик на лежерно однесување цели 11 дена, во кои земјата ќе ја одбележува годишнината од смртта на починатиот лидер Ким Џонг-ил.

Како што пренесоа повеќе медиуми, државната власт издала наредба со која се забранува јавно искажување на среќа, додека трае периодот на чевствувањето на поранешниот лидер.






„Во текот на периодот на жалење, не смееме да консумираме алкохол, да се смееме и лежено да се однесуваме – вели еден жител на Синиџу, град во Северна Кореја, јавува Радио слободна Азија.

Истиот извор наведува дека на 17 декември, на денот кога пред 10 години почина Џонг-ил, нема да работат ни продавниците за храна.

Ким Џонг-ил владееше со Северна Кореја во периодот од 1994 до 2011 година, а на функцијата го наследи Ким Џонг-ун.

Поврзани содржини