ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ВО АЕРОДРОМ Два локали затворени по пријави од граѓаните
Општината најавува засилени контроли, а за повторни прекршоци и кривични пријави.
Општина Аеродром изрече забрана за работа на два угостителски објекта по пријави од граѓаните. Инспекциските служби излегле на терен и спровеле вонредни контроли, при што било утврдено дека локалите не се придржувале до законските прописи, поради што е донесена оваа санкција.
„Доколку не се почитуваат законите и прописите за работа, ќе следуваат и кривични пријави. Инспекциските служби продолжуваат со интензивни контроли на угостителските и туристичките објекти, особено во вечерните и ноќните часови“, информираат од локалната самоуправа.
Од Општина Аеродром потсетуваат дека граѓаните, доколку забележат неправилности во работењето на угостителските објекти, можат веднаш да ги пријават на електронската адреса: [email protected]
.