ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ Снежна покривка има на превојот Стража и на патниот правец Маврово – Дебар

АМСМ препорачува внимателно возење.

1,134

Поради снежни врнежи изутринава од 7 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на превој „Стража“ на патниот правец Кичево-Гостивар, информира АМСМ.

Забрана за камиони е воведена и на патниот правец Маврово-Дебар.






Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат.

Снег со слаб интезитет врне на Попова Шапка, Крива Паланка и Маврово.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење

Поврзани содржини