ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ МЕВРОВО – ДЕБАР Кашест снег има и на други патни правци

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.

333

Поради врнежи од снег, e воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, информира Авто-мото сојузот (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.






Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските премини Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМАМ потсетува дека е во сила обврската за поседување на зимска опрема.

 

Поврзани содржини