ЗАБОРАВЕТЕ НА СТРАШНИТЕ НОЌНИ ПАТУВАЊА! Новиот „opel grandland“ со intelli-lux HD светла
Во зависност од моменталната сообраќајна ситуација, камерата ги детектира учесниците во сообраќајот напред и оние кои доаѓаат од спротивна страна, а Intelli-Lux HD светлата се исклучуваат уште побрзо и попрецизно од претходната matrix технологија.
Следниве неколку денови, или подобро речено ноќи, страшни суштества повторно ќе се шетаат по улиците во потрага по „слатки“. Од сега натаму, сепак, нивните напори да останат неоткриени, пред да изведат потенцијален трик ќе бидат залудни – благодарение на новиот Opel Grandland! (Halloween)
Со својот нов Intelli-Lux HD светло, најновата генерација на технологијата без одблесоци Intelli-Lux LED, сосема новиот SUV „произведен во Германија“, создава светлина каде што претходно имаше само темнина. Но, ова не е единствената иновација во осветлувањето која е воведена во новиот Grandland. Тоа е исто така првиот Opel со 3D Vizor, осветлен Opel Blitz и технологијата „Edge Light“. Ова го прави новиот Grandland севкупно сјаен новодојденец кој привлекува внимание само со своите иновативни технологии за осветлување. Демократизацијата на напредната технологија за осветлување низ различните класи на возила е традиција во Opel – и тоа трае веќе 125 години.
Попрецизен, поостар, подобар: новите Intelli-Lux HD светла со повеќе од 50.000 eлементи
Новиот осветлен Opel Blitz не е единствената светлечка иновација кај новиот Grandland. Својата премиера ја доживуваат и Intelli-Lux HD светлата, кои се лидер во индустријата во овој сегмент на возила. За прв пат, предните светла имаат повеќе од 50.000 елементи (точно 51.200, односно 25.600 по страна) и овозможуваат дистрибуција на светлината со висока резолуција.
Во зависност од моменталната сообраќајна ситуација, камерата ги детектира учесниците во сообраќајот напред и оние кои доаѓаат од спротивна страна, а Intelli-Lux HD светлата се исклучуваат уште побрзо и попрецизно од претходната matrix технологија.
„Светлосниот тунел“, односно просторот што го остава светлосниот зрак, е потесен од претходно, додека остатокот од улицата и околината е подобро осветлен.
На овој начин, системот обезбедува уште посветла и подеднаква дистрибуција на светлината без да ги заслепува другите учесници. Научните студии ги докажуваат придобивките за безбедноста. Предметите пред возилото може да се детектираат околу 30 до 40 m порано, со брзина од 80 km/h одколку со конвенционалните халогени предни светла. Ова му овозможува на возачот да реагира на потенцијалната пречка помеѓу една и две секунди порано, драгоцено време за да се избегне можниот несакан судир.
Следна еволутивна фаза: нови функции и графички анимации
Во исто време, сите автоматски функции на Intelli-Lux, од светлото за возење во град и рурален пат до светлото при свиоци и лошото време се подобрени и подигнати на повисоко ниво. Светлосниот конус пред возилото може целосно дигитално да се прилагоди со користење на повеќе од 50.000 пиксели, така што интуитивно ја води перспективата на возачот долж патот при свиоци. Покрај дигиталното прилагодување на светлосниот конус, во зависност од аголот на вртење, се активира дополнителен светлосен модул на соодветната страна на возилото. Уште подобро ја осветлува страната на патот и на тој начин ги спречува „црните дупки“ при свиоци. При лоши временски услови или режим на магла, Intelli-Lux HD влијае на можниот ефект на отсјај предизвикан од улиците натопени од дожд и соодветно го прилагодува интензитетот на светлината за да го намали овој ефект за сообраќајот што доаѓа од спротивната страна.
Покрај тоа, технологијата за осветлување со висока резолуција не само што ги штити очите на другите учесници во сообраќајот, туку и очите на возачот на Grandland. Системот ги препознава сообраќајните знаци што се појавуваат на патот и ги затемнува LED диодите така што отсјајот на знаците повеќе не го заслепува возачот. А „туристичкиот режим“ овозможува Intelli-Lux HD светлата да ги користат своите целосни перформанси и сите функции дури и кога возите во земји со сообраќај од левата страна.
Конечно, новите анимации во форма на графички видеа кои се проектираат пред возилото за добредојде и кога заминувате од возилото, даваат прв впечаток за тоа какво осветлување ќе биде возможно во иднина.
Уникатен дизајн на осветлување: 3D Vizor, осветлен Opel Blitz и edge light технологија
Новиот Opel Grandland се издвојува на прв поглед од другите. Неговиот дизајн е смел и елегантен и има уникатен стил. Изострениот дизајн на лицето на брендот Opel исто така има одлучувачки придонес за ова: новиот 3D Vizor ги интегрира Opel Blitz, осветлен за прв пат, и иновативната “edge light” технологија која се протега по целата ширина на возилото, во еден целосен елемент.
Во исто време, новиот Grandland го презема дизајнот „Opel Compass“ од пионерскиот Opel Experimental и го оживува во серискиот производен модел: вертикалниот набор и хоризонталниот Vizor се спојуваат со „електрифицираниот“ Opel Blitz во центарот. Карактеристичниот светлосен потпис на предниот дел веднаш се забележува, особено во темница. Додека хромираните елементи претходно беа привлечни за очи, технологиите за осветлување што штедат енергија и се економични сега обезбедуваат уникатен и впечатлив изглед. Најновата генерација сето ова го повлекува и на задниот дел. Новиот Grandland е првиот сериски модел на Opel кој ги интегрира светлечкиот натпис на OPEL централно во компасот на светлосниот потпис.
Технологиите во новиот Grandland претставуваат најновата и најнапредната еволутивна фаза во развојот на осветлувањето на Opel. Но, обезбедувањето извонредна видливост и со тоа највисокото ниво на безбедност за сите возачи во сите сегменти е традиција на Opel – и тоа е така уште од производството на првиот автомобил на компанијата. Историјата на развојот на осветлувањето започнува од 1899 година со Patentmotorwagen System Lutzmann.