ЗАБОРАВЕТЕ НА РЕЧЕНИЦАТА: ДАЈ ЈАС, НЕ МОЖЕШ ТИ! Не го правете наместо децата или старите луѓе она што можат да го направат сами

„Не правете го за детето она што може да го направи само! Ако работите наместо него – вие не се грижите за своето дете“, вели канадскиот психолог Џордан Б.Петерсон

103

„Има едно правило кое се обидував да го следам кога моите деца беа мали, а тоа е: Не правете го за детето она што тој самиот може да го направи“, вели Џордан Б.Петерсон, психолог и професор по психологија на Универзитетот во Торонто.

Тој додава дека тоа правило е обично доста заморно, бидејќи ни се потребни 15 секунди за да облечеме двегодишно дете, но ако дозволите двегодишно дете да се облече самото… тоа се протега на 15 минути или половина час, а треба и да го бркате низ куќата… хаос!






Но, ако му дозволите да научи да се облекува само, нема да мора повеќе да го облекувате.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини