Заборавете на летниот одмор, било каде и да е во светот!
Оваа година нема да има нормална летна сезона со полни плажи и полни колиби на планините. Тоа би било неодговорно - вели Маас.
– Нема да има нормален одмор оваа година со полни плажи. Ниту во Европа, ниту во кој било регион во светот.
Ова го изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, по видео-конференцијата со неговите колеги од ЕУ, цитиран од „Дојче веле“.
– Оваа година нема да има нормална летна сезона со полни плажи и полни колиби на планините. Тоа би било неодговорно. Покрај тоа, големите собири се забранети до крајот на август – рече германскиот министер за надворешни работи Хаико Маас за време на видео-конференцијата со колегите од Австрија, Швајцарија, Луксембург и Лихтенштајн.
Бројот на починати во Германија расте пребрзо, велат експертите од Институтот „Роберт Кох“. По презентацијата на новите податоци, стана јасно дека секој пациент со ковид-19 инфицира во просек уште едно лице.
И по видео-конференцијата со неговите колеги од ЕУ, Маас во интервју за германската „АРД“ во доцните часови на 22 април рече дека „одморот во странство би бил привремено невозможен“.
Нема сигнали дека ќе се укинат забраните за патувања, рече министерот. – Нема причина да се релаксираат патните ограничувања и повторно да се овозможи одморот во странство“.
– Постојат ограничувања за патувања низ целиот свет и ние сè уште ќе се занимаваме со прашањето кога да ги откажеме. Но, во моментов, нема што да се каже дека такво нешто ќе се случи наскоро – рече германскиот министер.
Многу летови се суспендирани, границите се затворени, наметнати се забрани за излез.
– Додека тоа не се промени, ограничувањата за патување во странство нема да бидат укинати – рече Маас.
– Нема да има нормален одмор оваа година со полни плажи. Ниту во Европа, ниту во кој било регион во светот – вели министерот.