ШТО Е УМЕТНОСТ, А ШТО ПОРНОГРАФИЈА? На денешен ден починал Никола Мартиноски
Многу од делата на Мартиноски од почетокот на триесеттите години претставуваат сцени од кафеанскиот живот или пак се поврзани со проституцијата. Користејќи го искуството на други уметници, Мартиноски ги деформира, дури и ги карикира фигурите за да ја нагласи бруталноста на мотивите на кои работи. Сликите „Доилка“ и „Композиција – Мајка со дете“ (1929/30), се дадени со слободни контури на фигурите и пејзажите, со еден вид експресионистичка тензија.
„Полицијата не одлучува што е уметност, а што порнографија“.
Вака изјавил антологискиот македонски сликар Никола Мартиновски во 1937 година, реагирајќи на налогот за негово апсење, затоа што го „навредил јавниот морал“ со тоа што создал 13 до 15 еротски ѕидни цртежи во скопската кафеана „Океан“, негде во кругот на денешно Беко. Женските фигури кои ги цртал овој млад бутновник, пријател на Лазар Личеноски, морал неколкупати да ги преправа и да ги „облекува“, но пресудата останала-еден ден затвор или глоба од тогашни 50 динари во кралството СХС.
Еве некои од неговите платна:
Ова е само еден од настаните кои ќе го одбележат животот на македонскиот уметник, кој завршил токму на овој ден, во далечната 1973 година. Кафената „Океан“ била урната негде во 40-тите години. Што знаеме за овој Крушевчанец, роден токму во 1903 година, од татко Коста и мајка Анушка, со презиме Мартин, кое подоцна го сменил во Мартиноски? Тој има два периоди прв и втор скопски период на сликање, а неговите дела од експресионизам, да тој познат германски експресионизам во кој твореше и Едвард Мунк, преоѓаат во реализам, па и во соц-реализам.
Престојувал во Париз, на познатите академии Гранд Шомјер и Рансон. Се познавал и со Личеновски, но и со Димитар Пандиловски. Заедно, тие се тројката која го започнува модерното сликарство кај нас.
Многу од делата на Мартиноски од почетокот на триесеттите години претставуваат сцени од кафеанскиот живот или пак се поврзани со проституцијата. Користејќи го искуството на други уметници, Мартиноски ги деформира, дури и ги карикира фигурите за да ја нагласи бруталноста на мотивите на кои работи. Сликите „Доилка“ и „Композиција – Мајка со дете“ (1929/30), се дадени со слободни контури на фигурите и пејзажите, со еден вид експресионистичка тензија. Сликата „Кафеана 1“ (1930) е смело „измешана“ и преполнета композиција. Формите на женските и машките фигури се дадени со нервозни, раздробени потези, со забележлива кубистичка и експресионистичка инспирација.
Во последните етапи сликарството се приближува до симболистичкиот експресионизам, како оној на Марк Шагал. Сепак, невозможно е да се даде осврт на неговото творештво во само неколку дефиниции.