Заболени тројца свештеници од Московската епархија, a од ковид 19 во Сараево почина истакнат епидемиолог
За време на неодамнешната служба во катедралата Христос Спасител, патријархот на Москва и цела Русија, Кирил ги повика сите верници да се воздржат од посета на црквите и да останат дома поради ширење на коронавирусот. Тој рече дека тоа ќе важи се додека не им даде посебен благослов, нарекувајќи ги свештениците кои не ги почитувале тие превентивни мерки „не многу мудри лица“.
Тројца свештеници на московската епархија заразени се со новиот коронавирус, соопшти работната група за одговор на Ковид-19 од московската патријаршија.
„Ги повикуваме сите што биле во контакт со свештениците да се погрижат за своето здравје и да се изолираат“, се вели во соопштението.
Двајца други свештеници имаат симптоми на болеста, но нивните резултати се уште не се готови.
За време на неодамнешната служба во катедралата Христос Спасител, патријархот на Москва и цела Русија, Кирил ги повика сите верници да се воздржат од посета на црквите и да останат дома поради ширење на коронавирусот.
Тој рече дека тоа ќе важи се додека не им даде посебен благослов, нарекувајќи ги свештениците кои не ги почитувале тие превентивни мерки „не многу мудри лица“.
Истакнатиот епидемиолог и член на Светската здравствена организација (СЗО), Шефик Пашагиќ почина вчера во Сараево, како последица од Ковид-19.
Пред да се разболи, се занимавал токму со коронавирусот корона и бил во постојан контакт со колегите од САД, со кои разменил знаење за Ковид-19, пренесува порталот Кликс.
Во текот на вчерашниот дека беше соопштенока во Сараево дека во Босна и Херцеговина се регистрирани уште три смртни случаи, по што беше потврдено дека меѓу нмив е и Пашагиќ (61).
Со вчерашните смртни случаи, бројот на починати од Ковид-19 во БиХ достигна 23 лица, од вкупно 654 заразени со коронавирусот.