Ѝ забележуваа на полицијата дека е насилна, а се покажаа побрутални од неа

21 полицаец е повреден од гаѓање со запаливи средства, соопшти денеска локалната полиција.

360

На протестите во Сиетл се уапсени 45 лица под обвинение за напад врз полициски службеници и опструкција, а 21 полицаец е повреден од гаѓање со запаливи средства, соопшти денеска локалната полиција.

Демонстрантите фрлале со камења, плински боци, пиротехнички средства и друг експлозив, нагласи полицијата, додавајќи дека некои од предметите предизвикале пожар.






Во протестите, кои полицијата ги опиша како „насилни“, еден полицаец бил хоспитализиран со повреда на ногата предизвикана од експлозивна направа.

Во Сиетл се одржаа протести поради полициската бруталност и системскиот расизам, како и во област од шест блокови, кои се под контрола на демонстрантите, откако полицијата ја напуштила. 

Поврзани содржини