Забележан е нов вид птица во Србија – сибирска синоперка (ФОТО)
Оваа птица одлично пее, а живее од највисокиот дел на Србија, па сè до Камчатка и Јапонија.
На 7 септември годинава на локалитетот Соколина во Србија е забележан нов вид птица во таа земја, пишува „National Geographic“.
Соработниците на Центарот за маркирање животни во Србија, Ненад Спремо и Дејан Ѓапиќ, со помош на орнитолошка мрежа фатиле и прстеновале примерок на „сибирска синоперка“, односно „Tarsiger cyanurus“. Оваа птица одлично пее, а живее од највисокиот дел на Србија, па сè до Камчатка и Јапонија.
Во Европа потврдено е дека птицата живее на крајниот исток на Финска. Во текот на преселбата, таа ретко се забележува во Европа, со оглед на тоа што презимува во југоисточна Азија и во Индија. Досега во регионот е регистрирана само во Словенија, Унгарија и во Романија.