ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИКОТ Левица предлага да се донесе единствен Закон за македонскиот како службен јазик

394

Владата пред два дена го усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик чиј предлагач е Министерството за култура, предлог кој повторно не придонесува за заштита и афирмација на македонскиот јазик, смета Левица.

„Се предвидува основање на Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик за вршење инспекциски надзор над примената на Законот, орган кој би бил во состав на Министерството за култура со својство на правно лице. За споредба, Инспекторатот за албански јазик (предвиден со Законот за употребата на јазиците) е орган на Министерството за правда. Според ова, Инспекторат во рамки на Министерството за култура ќе има подреден статус/ингеренции во однос на Инспекторатот во рамки на Министерството за правда“, се наведува во соопштението на Левица.






Оттаму велат дека и досега, по донесување на Законот за употреба на македонскиот јазик од 1998 година, се забележува непочитување на законските мерки и негрижа за македонскиот јазик, како што се: занемарување на правописните норми, нивно несоодветно користење, нелекторирање или нестручно лекторирање, недоследности во реализацијата на наставата по македонски јазик на сите образовни степени, како и неправилности во говорното изразување во медиумите и воопшто во јавната сфера.

Иако Законот за употреба на македонскиот јазик предвидува ригорозни казни за непочитување на јазичните норми, тие не се спроведуваат во пракса.

Левица предлага да се донесе единствен Закон за македонскиот јазик како службен/државен јазик и другите јазици како службени на регионално и локално рамниште, во склад со Конвенцијата на ЕУ за регионални и малцински јазици.

„Во момент кога преку уставни измени се случува идентитетски геноцид на Македонците и оспорување на јазикот, не смее да се дозволи донесување паушални закони, кои само површно ги регулираат суштинските аспекти на државноста“, порачува Левица.

Поврзани содржини