За земјоделски субвенции се аплицира и во викенд деновите

Рокот за аплицирање за Програмата за директни плаќања за 2020 година истекува на крајот од месецов, на 31 јули.

379

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека неговите подрачни единици ќе работат и викендов за да им се овозможи на земјодлеците да аплицираат за субвенции. Рокот за аплицирање за Програмата за директни плаќања за 2020 година истекува на крајот од месецов, на 31 јули.

–  Поднесувањето на барањата може да се врши електронски, односно самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk), каде што е ставено упатството за аплицирање – информираат од Министерството.






Земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во подрачните единици.

На веб страната на Министерството за земјоделство се објавени и телефонските броеви на раководителите на подрачните единици за земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.

Поврзани содржини